„Се уште постои можност да се избегне војна која би го зафатила целиот Блиски Исток“

49

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека се уште постои можност да се избегне војна која би го зафатила целиот Блиски Исток.

„Создавањето на либанскиот фронт и директната интервенција на Иран го зголемија ризикот од регионален конфликт од големи размери, но ескалацијата уште повеќе не турка кон работа на мирот и дијалогот. Апелираме на одговорност на сите регионални актери“, рече Тајани на состанокот на Комисијата за надворешни работи и одбрана, а пренесе Анса.

Италијанскиот министер, исто така, ја истакна важноста од „одржување на дијалогот со Иран“, повикувајќи ги „сите, вклучително и Израел“ да работат на деескалација и да се избегне конфликт што може да предизвика нови жртви, особено меѓу цивилите.