Сé уште го привлекува добро сценарио: Харисон Форд нема намера да се пензионира!

25
EPA-EFE/NEIL HALL

Возраста не е проблем кога станува збор за пензија. Барем не во светот на глумата. Харисон Форд и понатаму е силен на 82 години.

Неодамна се појави на црвениот тепих за да ја промовира новата серија „1923“. Новинар на Entertainment Tonight го праша што би го натерало да се пензионира.

Ѕвездата од „Индијана Џонс“ имаше подготвен одговор.

„Кога ќе го заборавиш моето име“, одговори со насмевка, алудирајќи на тоа дека не оди никаде додека публиката го сака.

„Не сум размислувал за тоа“, додаде Форд.

Сè уште го привлекува секое добро сценарио.

ИЗДВОЕНИ