Се урна потпорниот ѕид до објектот, без дозвола се гради седумкатница

12894

– Инвеститорот сакаше да постави темели. Колку што сум информиран треба да се гради зграда од седум ката, иако немаат одобрение за тоа. Од врнежите и невремето, кои деновиве го зафатија Скопје, падна оградата и земјиштето почнува да се свлекува, а дупката која е ископана за темелите од дождот е претворена во базен. За објектот што се гради пријавивме во Општина Чаир уште во јули минатата година. Ние сме оштетени, падната е околу 100 метри ограда, а од тежината пукна и цевка. Еднаш беше стопирана градбата, па потоа повторно почна да се гради објектот, сега повторно е стопирана градбата. Инвеститорот уште се фали дека ќе ја добиеле градежната дозвола, за весникот ВЕЧЕР нагласува управителот на пензионерскиот дом „Лика Чопова“, Неваип Рамадани.    

Од Општина Чаир потврдија дека веднаш до пензионерскиот дом „Лика Чопова“ незаконски започнала изградба на објект, иако тие не издале градежна дозвола, но велат дека на инвеститорот му било наредено локацијата на којашто е започната градбата да ја врати во првобитна состојба

Станарите од пензионерскиот дом „Лика Чопова“ во Топаанско Поле се во страв и паника, бидејќи потпорниот ѕид на објектот до него почнал да се урива. Граѓани на социјалните мрежи упатуваат апел до надлежните да го слушнат гласот на станарите пред да биде предоцна.

Имено, целиот проблем е предизвикан од објектот што се гради до самиот дом и тоа без градежна дозвола. Како што објасни управителот на пензионерскиот дом, Неваип Рамадани, тие со оваа градба имаат мака речиси една година.

– Инвеститорот сакаше да постави темели. Колку што сум информиран треба да се гради зграда од седум ката, иако немаат одобрение за тоа. Од врнежите и невремето кои деновиве го зафатија Скопје падна оградата и земјиштето почнува да се свлекува, а дупката која е ископана за темелите од дождот е претворена во базен. За објектот што се гради пријавивме во Општина Чаир уште во јули минатата година. Ние сме оштетени, падната е околу 100 метри ограда, а од тежината пукна и цевка. Еднаш беше стопирана градбата, па потоа повторно почна да се гради објектот, сега повторно е стопирана градбата. Инвеститорот уште се фали дека ќе ја добиеле градежната дозвола – вели Рамадани за весникот ВЕЧЕР.    

Тој додава дека на почетокот од Општина Чаир не можеле да откријат кој е инвеститорот, но потоа дознале кој е. Од Општина Чаир потврдија дека веднаш до пензионерскиот дом „Лика Чопова“ незаконски започнала изградба на објект, иако тие не издале градежна дозвола.

– За овој објект Општина Чаир нема издадено градежна дозвола. Наредено му е на инвеститорот локацијата на која што е започната градбата да ја врати во првобитна состојба, заради тоа што деновиве има дождови од кои земјиштето се свлекува. Треба да постави потпорен ѕид – одговорија од локалната самоуправа.

Од Општина Чаир информираа дека според ДУП во тој дел е предвиден намена – А1- домување во куќи и тоа со приземје плус два ката и потпокрив, со висина од 10, метри.

Во пензионерскиот дом има 48 стана во кои во моментов престојуваат над 60 станари.

– Во некои од собите живеат по двајца, а во некои само по еден. Месечната кирија овде изнесува по 1.000 денари – објасни Рамадани.

(А.П.)