Се урна покрив на дискотека во Доминиканската Република: Најмалку 15 загинати, повеќе од 100 повредени/ФОТО/ВИДЕО

61

Најмалку 15 лица загинаа кога се урна покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република, соопшти локалната полиција во Санто Доминго. Директорот на Центарот за вонредни операции, Хуан Мануел Мендес изјави дека делумно се урнал покривот на познатиот клуб Џет сет. Тој рече дека спасувачите неуморно ќе бараат се додека има надеж дека некој преживеал.

Спасувачите со термички сигнали продолжуваат со потрагата на преживеани. Најмалку 101 лице беа пренесени во неколку болнички центри во областа, но бројката на повредени не е конечна.

На местото ќе бидат поставени специјални шатори за семејствата на жртвите, каде што ќе можат да ја добијат помош.

„Имаме утврден периметар од Националната полиција како и спасувачкиот тим на урнатата структура, пожарникарите, вооружените сили, цивилната итна помош и другите власти кои се приклучија на оваа спасувачка работа на луѓето кои останаа заробени за време на трагедијата што се случи утринава. Се концентрираме на тоа да ги извлечеме луѓето, да можеме да ги спасиме, луѓето што се живи да ги однесеме во различни болници. Подоцна ќе обезбедиме прелиминарни информации за тоа што се случило овде во однос на жртвите, и живите и мртвите“, изјави Хуан Мануел Мендез, директор на Центарот за итни операции.

Познатиот пејач Руби Перез е меѓу повредените откако за време на неговиот настап во Санто Доминго се урнал покривот на ноќниот клуб. Пејачот на меренгу музика, Руби Перез, кој настапуваше кога се урна покривот во клубот Џет Сет во доминиканската престолнина Санто Доминго, е извлечен од урнатините со непознати повреди, пишува Дејли Меил.

Снимката споделена на социјалните мрежи го покажува Перез како настапува на сцената кога делови од таванот се уриваат врз танцувачката публика, како и врз изведувачите.

ИЗДВОЕНИ