Се урна мал авион во државата Њујорк – има и жртви

40

Мал двомоторен авион со две лица се урна вчера во американската сојузна држава Њујорк, соопштија тамошните власти.

Шерифот на округот Колумбија вчера околу пладне одговори на повикот за помош, изјави заменик-шерифот Жаклин Салваторе, додавајќи дека во несреќата има и жртви.

Американската федерална управа за авијација (FAA) соопшти дека авионот Mitsubishi MU-2B се движел кон аеродромот во областа Колумбија во близина на Хадсон, но се урнал на 48 километри во близина на градот Копеик.

„Се наоѓа на средина на поле кое е прилично калливо, така што е тешко да се пристапи“, рече заменик-шерифот Салваторе на прес-конференција. Националниот одбор за безбедност на транспортот соопшти дека испратил истражен тим на местото на несреќата.

ИЗДВОЕНИ