Пилотот и пет патници, од кои три деца, загинаа кога туристички хеликоптер се урна во реката Хадсон во Њујорк во четвртокот. Меѓу жртвите, според полициски извори, е и Агустин Ескобар, директор од Сименс, заедно со неговото семејство од Шпанија.
За четворица е констатирана смрт на местото на несреќата, а две деца се пренесени во локалните болници каде им подлегнале на повредите.
Според неофицијални информации, Ескобар со семејството пристигнал во Њујорк во четвртокот, а хеликоптерската обиколка низ градот била на врвот на приоритетната листа. Очевидци на несреќата, каква што Њујорк не видел 20 години, велат дека глетката била ужасна.
🚨BREAKING: Six people confirmed dead in helicopter crash in the Hudson River, according to AP.
Prayers 🙏🏻
— Benny Johnson (@bennyjohnson) April 10, 2025
Тие истакнуваат дека хеликоптерот се преполовил пред да падне од пристаништето 40 во реката Хадсон. Еден човек рече дека слушнал застрашувачки звук кој звучел како кршење на звучната бариера. Засега сè уште не е јасно што ја предизвикало падот на леталото.
Според FlightRadar24, станува збор за хеликоптер Bell 206L-4 LongRanger IV, изграден во 2004 година, со сертификат за пловидбеност од 2016 година, со важност до 2029 година, според податоците на FAA.
„Информациите за пилотот не се достапни“, рече градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс .
„Хеликоптерот полетал од хелиодром во Долниот Менхетен во 14 часот и 59 минути, се упатил кон југ, а потоа свртел на север по брегот на Менхетен и реката Хадсон. Во 15:08 часот стигна до мостот Џорџ Вашингтон, а потоа се сврте и полета по брегот на Њу Џерси, каде набрзо изгуби контрола, рече полицискиот комесар на Њујорк“, Џесика Тиш.
Во моментот на ударот во водата, хеликоптерот очигледно бил наопаку, а од водата се гледала кабината.
Family from Helicopter crash in New York picture taken just before flight. Arrived in New York from Spain earlier same day. Poor little ones, so sad. Lord have mercy on their souls. RIP. pic.twitter.com/rpfe4c9Ffc
— Link Van Stinkle (@linkvanstinkle) April 11, 2025
„Имаше извештаи за застој на хеликоптерот во воздух и делови почнаа да се одвојуваат“, рече Тиш.
Федералната управа за авијација (FAA) и Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) започнаа заедничка истрага. НТСБ го води главниот дел од истрагата.
„Хеликоптерот бил во посебен воздушен простор над Њујорк, каде што нема активна контрола на летот“, изјави министерот Шон Дафи.
Неколку минути пред влегувањето во таа зона, контролата ја извршила контролата на летање на аеродромот Ла Гвардија. Во текот на истрагата ќе се анализира целата документација за состојбата на хеликоптерот.
😱 Terrifying New Footage Emerges Of #HelicopterCrash In NYC
Agustín Escobar, President and CEO of Siemens Spain, lost his life alongside his wife and their three children in the crash over the Hudson River. (NYP)
The family had just arrived in Manhattan from Barcelona earlier… https://t.co/8rXZ7ZZrsw pic.twitter.com/88f7cTppvh
— RT_India (@RT_India_news) April 11, 2025
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп го изрази своето сочувство преку Truth Social, велејќи: „Бог да ги благослови семејствата и пријателите на жртвите“.
„Сè што можам да ви кажам е дека сме уништени“, рече Мајкл Рот, директор на Њујорк хеликоптер чартер, кој е сопственик на хеликоптерот.
„Јас сум татко, дедо, а мојата сопруга плаче без престан од попладнево“, додаде тој.
На прашањето за техничката состојба на хеликоптерот, тој рече дека тоа е одговорност на директорот за одржување, кој одби да коментира.
Шпанскиот премиер Педро Санчез ја нарече несреќата „незамислива трагедија“ во објава на платформата X.
„Сите мои мисли се со семејството и пријателите на жртвите во овој момент“, напиша тој.