Се урна авион во Пенсилванија, горат неколку автомобили на паркинг: ПРВИ СНИМКИ/ВИДЕО

282
Foto: Printscreen/X

Во градот Манхајм, Пенсилванија (САД), денеска се случи несреќа кога се урна мал авион.

Несреќата се случила околу 15 часот и 30 минути по локално време, а како што јавија многу американски медиуми, во неа се повредени голем број луѓе.

Авионот паднал на паркингот, а по несреќата избувнал пожар. На социјалните мрежи се појавија бројни видеа од остатоците од леталото во пламен.

Порталот 6abc.com објави дека авионот полетал од блискиот аеродром во 15:15 часот и се урнал набргу по полетувањето од непознати причини.

Засега не е познато колку патници имало во леталото и дали некој на земја е повреден при падот на авионот.

ИЗДВОЕНИ