Се тресеше тлото во Албанија и Грција: Утрово серија земјотреси

37

Во шест часот наутро земјотрес со магнитуда од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја стресе Албанија.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 94 километри северно од градот Саранда и грчкиот остров Крф.

Потоа следеа уште неколку помали потреси, од 2,1 и 2,5, 3 и 2,7 степени според Рихтер.

Земјотрес со помал интензитет утрово бил регистриран и во Грција.