Утрово во 7:49 часот по локално време силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција. Според податоците од сеизмолошките центри, епицентарот се наоѓал на длабочина од 8 километри.
Земјотресот е регистриран на околу 33 километри североисточно од Оја, мал туристички град на Санторини и околу 151 километар северно од Ираклион, најголемиот град на Крит.
Земјотресот го вознемири населението во крајбрежните и островските делови на Грција, но засега нема информации за поголема материјална штета или повредени. Очевидци пријавиле тресење на земјата кое траело неколку секунди, а татнеж се чувствувал и во некои делови од регионот.
Грција се наоѓа во сеизмички активно подрачје, а ваквите земјотреси не се реткост, особено во последно време. Голем број луѓе од Санторини се евакуирани во последните недели поради честите потреси.
Два земјотреси за само неколку минути ја погодија и Хрватска во неделата пред полноќ и понеделникот по полноќ. Прво беше почувствуван потрес околу Загреб, а потоа и кај Задар, како што информираат од ЕМСЦ.
Првиот земјотрес со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 23 часот и 46 минути со епицентар на 16 километри од Запрешиќ на длабочина од 1,9 километри. Набргу потоа, во 00:05 часот, земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во северна Далмација, со епицентар на два километри од Бенковац на длабочина од 15 километри.
После тоа, во 8 часот и 54 минути е забележан послаб земјотрес со епицентар кај Чунтиќ, на 5 километри јужно од Петриња. Земјотресот бил со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил од II – III степени според ЕМС скалата.
Грција ќе отвори пристаниште за евакуација на Санторини: Ситуацијата е критична по 16.000 земјотреси