Словенците славеа со 38:30, но натпреварот го одбележа масовна тепачка во 53. минута. При водство на Словенија од четири разлика, Катар беше во напад, а еден словенечки ракометар остана да лежи на подот затоа што доби незгоден удар. Блаж Јанц го оттурна Франкис Марз, овој исто така заврши на под, но потоа стана и го удри противничкиот играч меѓу нозете по што зовреа страстите.
На теренот истрчаа ракометарите на двете екипи, дојде до голема гужва, имаше и удари, а Марз за својот потег доби син картон.
Here we go😳🤯
It’s just escalated in the friendly between Slovenia and Qatar. Blue card for Frankis Marzo.
📹: RTV Slovenija #handball pic.twitter.com/70UvNcVicF— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) January 7, 2025