„Се срамам што те избрав тебе“

8914
epa11926732 Juventus coach Thiago Motta looks on during the Coppa Italia quarter-finals soccer match between Juventus FC and Empoli FC, in Turin, Italy, 26 February 2025. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Хрватскиот стручњак, Игор Тудор е именуван за нов тренер на Јувентус. Откако италијанските медиуми изминатите неколку дена објавија дека Тудор е еден од главните кандидати за преземање на клупата на тимот од Торино, сега пристигна официјална потврда од Јувентус, кој веста ја објави на официјалните канали. Тудор на клупата го замени поранешниот репрезентативец на Италија, Тиаго Мота.

Мота беше ангажиран од Јувентус на почетокот на оваа сезона, откако минатата година одлично се снајде со Болоња и ја одведе во Лигата на шампионите. Сепак, под негово водство Јувентус моментално е само на петтото место во Серија А. Иако има само три порази во 29 кола, „старата дама“ не котира подобро на првенствената табела затоа што дури 13 натпревари завршија без победнил.

Бразилецот со италијански пасош постигна особено лоши резултати во изминатиот месец. Се започна со елиминацијата од ПСВ во осминафиналето на Лигата на шампионите, по што беше елиминиран од Емполи во четвртфиналето на Купот на Италија. Во последните две кола, Јувентус загуби и во Серија А. Прво беше декласиран од Аталанта со 4:0 на домашен терен, а потоа загуби со 3:0 од Фиорентина на гости.

Според извештајот на „La Gazzetta dello Sport“, спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли наводно му рекол на тренерот Тиаго Мота: „Се срамам што те избрав тебе“. Оваа изјава уследи по состанокот помеѓу Џунтоли, Мота и извршниот директор Маурицио Сканавино, кој наводно поминал многу лошо. По поразот од Фиорентина од 3:0, Џунтоли јавно го поддржа Мота, но ситуацијата се влоши во текот на изминатата недела.

 

ИЗДВОЕНИ