Се спроведува анкета за зонско паркирање во Мичурин

29

Општина Аеродром по барање на граѓаните и во соработка со јавното претпријатие „Градски паркинг“ почна кампања за информирање за бенефициите од зонското паркирање што треба да се спроведе во населбата Мичурин. 

Паралелно со информативната кампања, се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за иницијативата за регулирање на паркирањето во овој дел од општината.

-Со реализација на проектот се очекува конечно да се реши проблемот со паркирањето што ќе овозможи нови паркинг-места, бесплатно и сигурно паркирање за станарите, како и крај на проблемите со недостигот од паркинг – места и узурпирањето на паркингот од хаварисани возила – соопштија од Општина Аеродром.

Оттаму, апелираат до граѓаните да се вклучат во анкетата, а по нејзиното завршување, Општина Аеродром ќе ги преземе сите неопходни активности за реализација на овој проект.