Се слушнале истрели пред да бидат прегазени демонстрантите во Минхен?/ФОТО

36
Фото: X David Atherton @DaveAtherton20

Најмалку 15 лица се повредени кога автомобили „мини купер“ влетал во група луѓе во Минхен, Германија. Според непотврдени информации, автомобил влетал во група демонстранти.

По инцидентот возачот е уапсен. На стампедото наводно му претходело пукање, пренесува Билд.

На социјалните мрежи се појавија првите фотографии од местото на настанот, на кои се гледаат голем број полицајци и пожарникари околу автомобилот што го предизвика инцидентот.

На фотографиите се гледаат и луѓе кои лежат на земја.

Според очевидци на местото на настанот, автомобилот намерно влетал во групата луѓе на улицата.

Засега не е познато што му претходело на инцидентот.

ИЗДВОЕНИ