Се случуваат сериозни промени во циркулацијата на планетата: Почнува МИНИ ЛЕДЕНО ДОБА?!

367

По најтоплото лето и низата рекордни топли месеци, имаше најави дека ќе биде топла и есента, а зимата 2024/2025 година, поблага. Сепак, според некои прогнози, промените се веќе започнати, и најверојатно ни претстои значително постуден период од очекуваното.

Српскиот метеоролог Иван Ристиќ, вели дека „на планетата Земја дојде до сериозна промена во циркулацијата, нешто што не сме го виделе од шеесеттите години на минатиот век кога започна мини леденото време и дали овој пат ќе следи климатски пресврт останува да се види, бидејќи науката знае малку за тоа“.

Во прилог на ова, Ристиќ пренесе текстови од интернет портал во кои се наведува дека нешто необично се случува и со ураганите, бидејќи во врвот на сезоната мируваат, а необично е што и Атлантскиот Океан е мирен.

„Од тропската бура Ернесто, која се формираше во Атлантикот во средината на август, нема ураган на повидок, што не се случило во последните 56 години. Научниците се збунети, дотолку повеќе што сите прогнози зборуваа за бурна сезона во која ќе следат силни тропски бури“ – се наведува во објавата.

Големи промени ги зафатија и пустините, имено, поплава имаше во Мароко и Алжир, во инаку суви и планински пустински предели.

Минатогодишните и овогодишните екстремно високи температури се резултат на феноменот Ел Нињо, но метеоролозите ширум светот велат дека на Ел Нињо му се ближи крајот и дека по кратка неутрална фаза неговото место ќе го заземе Ла Ниња, што значи дека колку се пониски температурите на океаните, толку феноменот ќе станува посилен.

Актуелните временски услови и стагнацијата на одредени крајности ги нарекува „затишје пред бура“, а како што веќе најави: поларниот вител дефинитивно го однесе летото од нашиот регион.

– На времето до крајот на септември, според сегашните прогнози, ќе влијае висински циклон со центар во наша близина, кој ќе услови повремени врнежи од дожд и есенски температури. Есента и зимата ќе бидат обележани со спојување на Азорските и сибирските антициклони и нивните делови во Европа. Тоа ќе овозможи продор на постуден воздух на нивната периферија кон нашиот регион и создавање на циклон во Медитеранот кој ќе донесе врнежи – дожд на почетокот на есента, а снег на крајот на есента и во текот на зимата. Ќе видиме, но можно е снегот да не „изненади“ веќе на почетокот на ноември – вели Ристиќ.