Се скараа многу популарните балкански пејачки Ханка Палдум од Босна и Цеца Ражнатовиќ од Србија. И тоа жестоко. Првата дама на босанскиот севдах неодамна ја обвини Цеца дека без одобрување ги присвоила неколку песни од нејзиниот репертоар, слушаните „Волела сам, волела„ и „Тражио си све“, како и песната „Црни снег“, која Цеца ја пее во дует со Аца Лукас.
Авторот на тие првите две песни е рокерот Милиќ Вукашиновиќ, кој истакна дека Цеца сè платила согласно со законот за авторски права. На прашањето за обвиненијата од страната на Ханка, Цеца вели: „Па, само тоа ѝ останува, таа и онака само за нешто се жали, се нешто нејзе ѝ пречи!“.
Милиќ Вукашиновиќ објаснил дека уште на времето додека беше жив Аркан, сопругот на Цеца, тој посредувал за песните да ги пее неговата сопруга. Благодарение на нејзините нови изведби, песните добиле на многу поголема слушаност.
Милиќќ дури и јасно ѝ порачал на Ханка: „Таа треба да ѝ биде благодарна на Цеца, бидејќи ги внесе песните во антологијата на народната музика. Младите денес ги пеат тие песни, а многумина од нив немаат поим дека првично ги пеела Ханка“. (Д.М.)