Се родија близнаци лемури

1159

Во Скопската зоолошка градина се родиле бебиња лемури. Мајката лемур добила близначиња.

Од Зоолошката информираат дека кај овој вид животни владее матријархат, односно жената е главна, па не е ништо поразлично и во нивното живеалиште во Скопје ЗОО.

Додаваат дека ќе продолжат да работат на конзервација и на подигнување на свеста за зачувување на овој вид.

Лемурите (вид мајмуни) од Мадагаскар се еден од најзагрозените видови во светот, бидејќи постојано им се уништува единствениот природен дом од каде што потекнуваат.

 

ИЗДВОЕНИ