Згодната Естел ги врти на малиот прст двајцата формула-возачи

90

Младиот британски Ф1 возач Оли Берман се најде во центарот на вниманието поради љубовниот триаголник во кој се вклучени убавата манекенка Естел Огливи и неговиот ривал на патеката, возачот Франко Колапинто.

Берман, кој го имаше своето деби во Формула 1 за Ферари оваа година, наводно се разделил од Естел, атрактивна 22-годишна дипломирана правничка. Таа беше присутна на неговото деби во Саудиска Арабија во март, но сега се шпекулира дека парот се разделил. Според британски „Сан“, Естел би можела да се врати кај своето поранешно момче, возачот на Вилијамс Рејсинг, Френк Колапинто.

Пред Берман и Естел да станат јавна двојка, имаше гласини дека таа е во врска со Колапинто. Бидејќи Берман беше одличен во својот дебитантски настап, нивната врска привлече дополнително медиумско внимание. Сепак, парот неодамна се раздели, барем според избришаните фотографии на социјалните мрежи, како и тоа дека повеќе не се пријатели на „Инстаграм“. Покрај тоа, таа повторно почна да го следи Колапинт на социјалната мрежа, што дополнително ги подгреа шпекулациите.

Колапинто, кој го замени Логан Сарџент во тимот на Вилијамс, го докажа својот талент на патеката. За време на Големата награда на Азербејџан, откако Берман го презеде тимот на Хас на местото на суспендираниот Кевин Магнусен, Колапинто заврши на 8. место, додека Берман беше 10-ти.

Официјални изјави за овој љубовен триаголник се уште не се дадени, но Берман моментално е единствениот со договор за следната сезона, додека Колапинто има уште шест трки да го покаже својот потенцијал и да обезбеди место во тимот.