Се реконструираат улиците „Никола Вукмировиќ“ и „Вера Циривири Трена“

16

Општина Ѓорче Петров започна со целосна реконструкција на коловозите на улиците „Никола Вукмировиќ“ и „Вера Циривири Трена“, на вкупна површина од 3.000 квадратни метри и должина од 650 метри.

Овие две централни сообраќајни артерии ќе бидат опремени со нов, квалитетен асфалт, што ќе го подобри безбедносното и удобното движење на граѓаните.

Проектот, чија вредност изнесува приближно 35.000.000 денари, е финансиран од Владата.

Оваа инвестиција е дел од поширокиот план за модернизација на инфраструктурата во општината.

Во наредната фаза, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски најави дека се планираат: реконструкција на улицата „Николај Островски“, пробивање на улицата „Социјалистичка Зора“ со „Сремски фронт“, како и изградба на нов локален пат од Волково до селото Орман.

-Оваа реконструкција е уште еден чекор кон подобро Ѓорче Петров. Со обновените улици, граѓаните ќе имаат погодни и безбедни услови за движење, а ова е само дел од нашите планови за целосна модернизација на инфраструктурата во општината. Благодарен сум на Владата за поддршката, а на граѓаните им ветувам дека ќе продолжиме да работиме на вакви проекти кои го подобруваат секојдневниот живот на сите жители – истакна Стојкоски.

Со овие активности, Ѓорче Петров продолжува да биде пример за активно вложување во јавната инфраструктура, со цел да се осигура дека секој жител ќе има пристап до безбедни и модерни патишта.

 

ИЗДВОЕНИ