Се реконструираат улици, а ќе се гради и мегапарк над улицата „1558“

17

Во населбата Радишани, започна реконструкцијата на улицата „1558“. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, со тоа најави започнување на вистинска градежна офанзива во оваа населба, односно истакна дека наскоро ќе се реконструираат и улиците „Симче Настевски“, „Киро Димишков“ и „Боро Кралевски“ со нејзините краци, кои се главните сообраќајници во населбаТА Радишани.

Исто така, започнува и изградбата на мегапарк и плоштад токму на потегот над улицата „1558“, на површина од над 10.000 квадратни метри.

Од Општина Бутел информираат дека улицата „1558” е со површина од 4.281 квадратни метри и со должина од 658 метри.

Оваа сообраќајница повеќе од 40 години не е реконструирана. Проектот се реализира во соработка со Министерството за транспорт и врски.

 

ИЗДВОЕНИ