Патна инфраструктура на површина од над 5.000 квадратни метри почна да се реконструира во населбата Пинтија.
Како што соопштија од Општина Кисела Вода, станува збор за улиците „Саса 12″ и „Јабланица“ со сите нивни краци, улици кои што не биле обновени триесет години.
-Ќе се врши асфалтирање и поплочување со павер елементи на површина од над 5.000 квадратни метри. Како што ветив, патната инфраструктура низ целата општина, до крајот на мојот мандат, а и порано од тоа, ќе биде обновена, со што ќе овозможиме одлични услови за одвивање на сообраќајот и ќе го унапредиме квалитетот на живот во сите населби и населени места низ општина Кисела Вода – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.