Се разведе Ален Хасановиќ, македонската поп-мега „Ѕвезда на Гранд“, кршач на женските срца!

469

Новинарите се чудо! Се обидував мојата приватност максимално да ја заштитам, но тешко. Јас и мојата сопруга повеќе не сме заедно. Секој тргна по својот пат. Ни прв ни последен кој е разведен, вели згодниот Ален

Кога се појави во балканското мегашоу „Ѕвездите на Гранд“, македонскиот поп-пејач (од Прилеп),  Ален Хасановиќ, сите ги остави без здив. Направи навистина голем успех пред сè со своето пеење,  а потоа и прилично добра пејачка кариера.  Не само што стана еден од најбараните клупски пејачи во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна, згодниот Хасановиќ стана и миленик на армија обожавателки.  Девојките, едноставно лудуваа по него, па со право му го наметнаа заводливиот прекар „кршач на женските срца“!

Потоа, Ален набргу се ожени и ги разочара девојките. Јавна тајна е дека речиси секоја од нив потајно се надеваше во тоа на Ален да му биде сопруга и да стане снаа на татко му Руждија, нашиот познат медиумски сопственик. Некогашната голема „Ѕвезда на Гранд“, за сопруга си ја зеде многу згодната Аида Цако. Со неа направија гламурозна свадба со повеќе од 500 гости, во еден луксузен ресторан во Тетово.       За свадбата се зборуваше дека беше една од најдобрите на естрадата. Судбоносното ДА го кажаа пред матичарот, а се венчаа и по сите нивни шеријатски обичаи.

-Ете, запловив во брачните води и не се жалам, одлично ми е. Сега е вистинско време да се оженам, да основам семејство, зборуваше тогаш лудо вљубениот Ален.

Но, како одминуваше времето, така во нивниот приватен живот се случуваа многу работи кои доведоа до неразбирање, неслога, расправии. Хасановиќ, најпосле по две години брак, сега се разведува. Ни прв ни последен! Популарниот пејач тоа долго го криеше од публиката и новинарите. Но, вистината за неговиот развод сепак, исплива на виделина.

-Да, луѓе точно е тоа, а новинарите се чудо! Се обидував мојата приватност максимално да ја заштитам, но тешко.  Јас и мојата сопруга повеќе не сме заедно, веќе неколку месеци. Секој тргна по својот пат. Така и двајцата сме посреќни“, напиша пејачот на социјалните мрежи. И што има страшно во тоа? Ништо! Освен што Хасановиќ по терк на холивудските ѕвезди се обидуваше приватниот живот да го сокрие од медиумите во Македонија и Србија. Сепак, како што се гледа, безуспешно.

Новинарите ја објавија веста за неговиот развод, а за оние некои поранешни девојки кои беа вљубени во него, Ален повторно им даде надеж дека чудата се случуваат.      И дека можеби некоја од нив ќе застане на лудиот камен со Ален. Никогаш не се знае што носи денот, а што носи ноќта!                                                                                Д.М. фото:архива

 

 

ИЗДВОЕНИ