Формирањето на нова кошаркарска лига оди во позитивна насока, а тоа значи дека наскоро би можеле да гледаме дуели на најдобрите НБА тимови со евролигашите. Објавени се многу извештаи за можните планови на НБА, вклучително и оние од „Еврохупс“. Сепак, сите се согласуваат дека целиот концепт сè уште не е финализиран и дека сè е на маса.
Според извори од споменатиот кошаркарски портал, не е исклучена нова средба меѓу Евролигата, НБА и ФИБА, која би можела наскоро да биде закажана. Каналите за комуникација меѓу НБА и Евролигата остануваат отворени, додека ФИБА се позиционираше како партнер на НБА.
Сепак, ФИБА во повеќе наврати изјави дека идеално решение е сите чинители во кошарката да работат заедно. Тоа значи дека, иако ниту една опција за соработка не е целосно исклучена, минатите средби меѓу Евролигата, НБА и ФИБА не дадоа никаков резултат.