Се простивме од возачот на Брза помош Иле Гоцевски: Срцето не му издржа, кобниот ден 11 пати возеше до Скопје

88

И денеска на социјалните мрежи, познаници, пријатели, сограѓани…се простуваат од возачот на Брза помош, Илчо Гоцевски, кој почина по неуморната и тешка работа за помош на повредените млади луѓе од пожарот во дискотеката во Кочани.

Иле беше погребан вчера.

Во една објава на Фејсбук пишува:

„Денес се простивме од ИЛЧО ГОЦЕВСКИ, ЧОВЕК ПЛАНИНА, кој со своето незапаметено херојство помагаше и во пронаоѓање и препознавање на изгорените  деца, како и транспортирање на истите до одредена дестинација.

За него, негов близок пријател од Ѕвегор, за delcevo365.mk кажа:

-Денеска беше погребан Илчо Гоцевски од Звегор, Делчево, со живеалиште во Кочани.
Тој беше херојот на транспортот на повредените деца од фамозната НЕ ДИСКОТЕКА. 11 пати имаше отидено за Скопје во кобниот ден. Помагаше и во пронаоѓање и препознавање на изгорените  деца, како и транспортирање на истите до одредена дестинација. Денеска немаше никој што да каже за човекот, кој после 32 часа работа, заспа од умор и никогаш не се разбуди”.

Што и да кажеме за нашиот ХЕРОЈ малку е….Она што може да направиме е да помогнеме на семејството да ја надминат оваа загуба со оставање лична донација.

ИЗДВОЕНИ