„Донесов одлука за прекинување на сите исплати на буџетски средства за финансирање на партиите СНСД и Обединета Српска“, изјави денеска високиот претставник Кристијан Шмит.
„Сите буџетски средства за финансирање на овие партии на сите нивоа на власт во БиХ ќе бидат суспендирани и пренасочени на посебна сметка во Централната банка на БиХ.
„Оваа одлука ги поддржува напорите на институциите на БиХ да се спротивстават на сегашните флагрантни напади на владејачката коалиција на Република Српска, предводена од СНСД и Обединета Српска, врз основните принципи на Уставот и правниот поредок на Република Српска“, додаде Шмит.
„Раководствата на СНСД и Обединета Српска се во првите редови на овие активности“, рече тој.
Шмит, исто така, рече дека ќе размисли за промена на одлуката под еден услов.
„Секое непочитување на одлуката што ја донесов денеска ќе биде предмет на кривична одговорност. Одлуката стапува на сила веднаш. Штом овие страни ќе покажат целосна усогласеност со Дејтонскиот договор, ќе размислам за поништување на одлуката“.
Тој попладнево најави и заминување во кампот Бутмир, каде ќе се сретне со генералот на ЕУФОР.