Комуналните екипи на Општина Аеродром изминатата недела активно работеле на одржување на јавната чистота на целата територија на Општината.
– Се чистеа и метеа јавните површини, се празнеа кантите и контејнерите, се косеше тревата, а се собираа и гранките и лисјата од улиците и од пешачките патеки. Исто така, екипите ги чистеа и дивите депонии и непрописно фрлениот отпад што ја загадува животната средина, но и ја нагрдува сликата за Аеродром – информираа од локалната самоуправа.
Оттаму апелираат до граѓаните за поголема одговорност и свесност, затоа што, како што велат, „само на тој начин можеме да живееме и работиме во чиста околина“.
Притоа напоменуваат дека неправилното фрлање отпад подложи на парични казни.
Од Општина Аеродром ги потсетуваат аеродромци дека нејзиното јавното комунално претпријатие има воведено комунални услуги за жителите, така што физичките и правните лица, со закажување термин на телефонскиот број 072/270-886 или на и-мејлот [email protected],можат за минимален паричен надоместок да се ослободат од кабастиот и друг вид отпад, кој екипите на Општината ќе го транспортираат во депонијата „Дрисла“.