Фудбалерите на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд и Лени Јоро, се повредија на пријателскиот натпревар против Арсенал, во Лос Анџелес. Јунајтед загуби од Арсенал со 2:1. Како што пренесува „Скај“, клубот од „Олд Трафорд“ во следните неколку часа ќе знае колку се сериозни повредите на двете скапи засилувања.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави дека клубот ќе биде претпазлив, особено во однос на Јоро, бидејќи одработи само половина од тренинзите, но оти се надева на позитивни вести за двајцата повредени фудбалери.

На турнејата во САД, Јунајтед ќе игра против Бетис во Сан Диего и против Ливерпул во Јужна Каролина.

На 10 август, тимот ќе игра против Манчестер Сити на „Вембли“, за трофејот „Комјунити шилд“.