epa10943574 Panathinaikos’ player Marius Grigonis (L) in action against Baskonia’s player Tadas Sederkerskis (R), during the 5th round of the Euroleague basketball match between Panathinaikos Athens and Baskonia Vitoria Gasteiz, at the Olympic Indoor Hall in Athens, Greece, 27 October 2023. EPA-EFE/GEORGIA PANAGOPOULOU

Според последните информации што пристигнаа од Атина, Мариус Григонис нема наскоро да се врати на терените. Тој ќе мора да оди на оперативен зафат на долниот дел од грбот, поради што го чека пауза од најмалку два месеца.

Конзервативниот пристап во рехабилитацијата не даде резултати, па Литванецот оваа недела ќе посети специјализирана клиника за операција. Тој се обиде да тренира во вторникот, но мораше да прекине поради болки. Операцијата сега е единствената опција за негово заздравување. Инаку, тој пристигна во Панатинаикос во 2022 година, од ЦСКА од Москва.

Сезонава, забележа скромни бројки, на четири натпревари во Евролигата – во просек по три поени, една асистенција и 0,8 скока на натпревар. За разлика од оваа, минатата сезона имаше многу позначаен ефект, со просек од 9,1 поен, 2,7 скока и 1,3 асистенции.

Панатинаикос во петок гостува кај Анадолу Ефес во Истанбул, во рамките на 15. коло од Евролигата.