Се повлекува пршута од хрватскиот пазар поради присуство на салмонела

94
Илустрација pexels

Државниот инспекторат на Република Хрватска извести за отповикување на производот „Пршута без коски, остатоци при сечење“, ЛОТ 25-00603, со рок на употреба до 30.06.2025 година, поради потврдено присуство на бактерии од родот Salmonella spp.

Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр. 2073/2005 за микробиолошки критериуми за храна, поради што е започната постапка за повлекување и отповикување од промет, додаваат оттаму.

Производ е на домашната компанија ЖИТО д.д. од Осиек.

Компанијата на својата официјална веб-страница објави известување за потрошувачите во кое ги повикува клиентите да проверат дали го имаат предметниот производ и да го вратат во продавниците каде што е купен. На потрошувачите ќе им бидат вратени парите.

„Искрено жалиме за настанатата ситуација. Безбедноста и задоволството на нашите клиенти се од најголема важност за нас и веднаш го отстранивме производот од продажба“, велат од ЖИТО д.д., додавајќи дека остануваат посветени на највисоките критериуми за квалитет и здравствена безбедност.

Повеќе информации за повлекувањето се достапни на официјалната веб-страница на производителот. Повлекувањето се однесува исклучиво на производот од наведената ЛОТ серија.

ИЗДВОЕНИ