EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Екипата на Бруклин Нетс го повлече дресот со број 15 во чест на Винс Картер. Тој беше една од најголемите ѕвезди на НБА кога неговите спектакуларни забивања често ги полудуваа сите љубители на кошарката.

Винс беше драфтуван во Торонто Репторс од Универзитетот Северна Каролина, а по шест години (поточно во 2004 година) пристигна во Њу Џерси Нетс (сегашен Бруклин) и до 2009 година го носеше дресот со број 15.

Како што соопштија од Бруклин Нетс, на 25 јануари во „Барклис центарот“ на натпреварот против Мајами Хит ќе го пензионираат дресот со број 15 на Винс Картер. Тоа е седми дрес во историјата на франшизата што ќе виси во салата, откако претходно се повлече бројот 3 во чест на Дражен Петровиќ, бројот 5 за Џејсон Кид, бројот 23 за Џон Вилијамсон, бројот 25 за Бил Мелхиони, бројот 32 за Џулиус Ирвинг и брројот 52 за Чарлс Вилијамс.