Се повеќе закани од криминал со користење на вештачка интелигенција

22

Организираните криминални групи во Европа се вртат кон измами со помош на вештачка интелигенција (АИ), што им овозможува да ги зголемат своите операции на глобално ниво побрзо и поевтино и што го отежнува откривањето, предупреди денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека организираните криминални групи ги користат најсовремените технологии за да извршат онлајн измами претставувајќи се како други.

Во својот извештај за проценка на заканите од сериозниот организиран криминал во Европа, Европол посочува дека криминалците користат и вештачка интелигенција за производство на материјали за сексуална злоупотреба на деца.

ИЗДВОЕНИ