Сè повеќе се зборува: Загрижувачки детал за здравјето на Трамп

104

Здравствената состојба на Доналд Трамп (78) веќе подолго време се врти во медиумите. Она што на сите им привлекува внимание се модринките на неговите раце.

Оваа тема првпат се најде на дневен ред кога францускиот претседател Емануел Макрон ја посети Белата куќа. Сега, големата модринка на десната рака на Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста. Се појавија шпекулации дека модрината е резултат на интравенска терапија, но Белата куќа одговори дека е предизвикана од навиката на Трамп постојано да се ракува.

– Претседателот Трамп е човек од народот. Претседателот Трамп има модринки на раката бидејќи работи без престан и се ракува секој ден, цел ден“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит.

Самиот Трамп претходно тврдеше дека неговите модринки се резултат на ракување со илјадници луѓе. „Тоа е од ракувањето“, изјави тој за магазинот „Тајм“ во декември минатата година.

Американскиот претседател денеска беше на средба со ирскиот премиер Мајкл Мартин во Овалната соба, а на десната рака повторно имаше модринка во чудна боја.

И покрај претходното ветување дека ќе објави медицински извештај за неговото здравје, Трамп сè уште не го сторил тоа, што дополнително ги поттикна шпекулациите за вистинската причина за модринките.

ИЗДВОЕНИ