Се повеќе Хрвати поради виските цени купуваат во руските маркети во Србија

53

И покрај бројните бојкоти на малопродажните синџири, продавници и одредени производи во Хрватска, цените сè уште растат, а многумина наоѓаат различни решенија за купување по пониски цени, вклучително и одење преку граница.

По напливот на хрватски граѓани во продавниците во Словенија и Италија, во последните месеци има вистински прилив во продавниците во Србија, каде Хрватите кои живеат во близина на границата редовно одат на месечни шопинг патувања за да добијат најевтини зделки, пренесува Танјуг.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, особено популарни се руските маркети во Белград, познати по ниските цени во споредба со локалните продавници во Србија.

„Иако нивниот изглед е скромен, наликуваат на магацини, купувачите кои ги посетиле, тврдат дека во нив може да се заштеди значителна сума на пари“, пишува хрватскиот весник „Вечерњи лист“.

Весникот пишува дека новинарите тестирале колку намирници може да се купат за 2.000 динари (17 евра) и биле изненадени од цените во споредба со другите продавници.

Весникот пишува дека цените во Србија се до три пати пониски отколку во хрватските продавници, поради што за многумина вреди да се помине границата и да се направи поголема набавка, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ