Јавното претпријатие за државни патишта започна со реализација на проектот за поставување сигнализација на регионалниот пат Тетово – Јажинце.

Оттаму потенцираат дека со новата сигнализација ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот на овој фреквентен патен правец.

Овој проект е дел од Годишната инвестициска програма на ЈП за државни патишта и за негова реализација се определени 30 милиони денари.