Брзата оставка на Јосип Дабро, која се случи буквално преку ноќ, ја предизвика неговата навика да пука со оружје на сосема несоодветни места, да го снима, а потоа да го споделува со пријателите.
Јосип Дабро синоќа поднесе оставка од вицепремиер и министер за земјоделство, откако беа разгледани сите аспекти од приказната поврзани со скандалозното видео.
Svaka čast komšije!😄
“Uz zvuke narodnjaka ministar poljoprivrede i potpredsjednik Vlade Josip Dabro ,na snimci se vidi kako iz pištolja ispaljuje hice kroz prozor automobila.
Josip Dabro kroz otvoreni prozor automobila tijekom vožnje ispaljuje devet hitaca iz pištolj.” pic.twitter.com/VVE04n7FBt— Security 👮🏻♂️ (@savastano0000) January 18, 2025
Така, Владата ги разгледа етичките, правните и политичките аспекти на последниот скандал што избувна откако беше објавено видео на кое Дабро пука во пиштол додека вози автомобил во ритамот на народна музика.
Според упатените, синоќа од разни затворени групи почнале да излегуваат неколку снимки на Јосип Дабро, кој очигледно сакал да се снима како пука.
Во изјава за „Јутарњи лист“, а подоцна и во соопштение за медиумите, Дабро изрази жалење за пукотницата и тврди дека се работи за изолиран инцидент.