На Телеграм се појави видео од моментот на убиството на началникот на воената РХБЗ, потполковник Игор Кирилов и неговиот помошник Илја Поликарпов.
На видеото јасно се гледа моментот на експлозијата кога Кирилов и Поликарпов излегуваа од станбената зграда.
Инаку, Кирилов, командант на руските сили за радиолошка, хемиска и биолошка одбрана, беше убиен во експлозија, заедно со неговиот помошник, во југоисточна Москва рано во вторникот.
Убиството се случи неколку часа откако Киев го обвини генералот дека е поврзан со употребата на хемиски агенси на бојното поле, што Москва силно го негира.
Украинската служба за безбедност (СБУ) стои зад убиството на рускиот генерал Игор Кирилов, објавија во вторникот повеќе медиуми, повикувајќи се на анонимни извори во агенцијата.