Словачката полиција покрена истрага за видеоснимката создадена со вештачка интелигенција која ги прикажува водечките политичари на земјата како затвореници, соопштија словачки службеници за спроведување на законот.
Словачките медиуми објавија дека видеото на социјалните мрежи го дистрибуирал и поранешниот премиер и претседател на опозициското Словачко движење, Игор Матовиќ.
Меѓу таргетираните се најде и словачкиот претседател Петер Пелегрини, словачкиот премиер Роберт Фицо, министрите за внатрешни работи и одбрана, Матуш Шутај Ешток и Роберт Калињак како и заменик претседателот на парлементот, Андреј Данко.
Сите се прикажани во затвор, каде Фицо и Калињак се сретнуваат со осудениот бизнисмен Маријан Кочнер, осуден за убиството на новинарот Јан Куцијак, по чија смрт во 2018 година Фицо си даде оставка од функцијата премиер за да ја реши политичката криза.
„Сакаме да нагласиме дека немаме ништо против забавата и не водиме никаква кривична постапка. Ние едноставно го оценуваме целиот овој случај врз основа на вашите претпоставки и оперативни информации од медиумите“, соопшти словачката полиција.