Се појави нова „листа на смртта“: Тинејџерка во Хрватска се заканувала дека ќе ги избоде соучениците

38

По објавувањето на „списокот на смртта“ во гимназијата во Задар, каде ученичка, наводно, составувала список со соучениците кои сакала да ги избоде со нож, се случи нов случај на закани во училиштето.

Во овој случај, ученичка од осмо одделение го објавила својот „список на смртта“, листа на соученици кои има намера да ги избоде, пренесува 057info.

„Станува збор за ученичка која е во 8-мо одделение и поради нејзиното проблематично однесување неколку пати била пријавувана до надлежните органи, но за жал, тие речиси ништо не направиле. Сето тоа кулминирало со закани кон нејзината класна раководителка и наводно постоење на список на смртни закани со имињата на децата од класот што планира да го избоде со нож“, стои во писмото испратено до медиумите од група загрижени родители.

Тие истакнаа дека надлежните служби не го решиле проблемот, па решиле за се да ја информираат јавноста за ученичката да добие стручна помош, но и да ги заштитат учениците и наставниците од потенцијално несакани трагични исходи како оние што неодамна се случија на загрепско училиште.

„Треба да се напомене дека повеќето загрижени родители сериозно ја сфаќаат ситуацијата, поради што нема да ги праќаат децата на училиште. Исто така, нагласуваме дека очекуваме итна реакција од надлежните служби, како и обезбедување услови за безбедно посетување на часови за нашите деца“, напишале родителите.

Се е пријавено во полиција и во ресорниот оддел за образование.

ИЗДВОЕНИ