На социјалните мрежи се појавија две нови видеа на кои се гледа сударот на авион на Американ ерлајнс и хеликоптер Блек Хок кој се случи вчера над Вашингтон. На снимката јасно се гледа како авионот (лево) и хеликоптерот (десно) летаат еден кон друг, а потоа експлодираат и паѓаат во реката.
Американските власти вчера соопштија дека сѐ уште не е јасно зошто патнички авион и американски воен хеликоптер се судрија над аеродромот во Вашингтон, при што загинаа 67 лица во најсмртоносната американска авионска несреќа во повеќе од 20 години.
Инспекторите пронајдоа таканаречени црни кутии од авионот, авион Бомбардиер на Американ Ерлајнс со 60 патници и четворица членови на екипажот. Авионот се судрил со воен хеликоптер Блек Хок и се урнал во реката Потомак додека се подготвувал за слетување на аеродромот Реган во Вашингтон во средата навечер. За жал, никој не преживеа.
Истражувачите го пронајдоа рекордерот на гласот во пилотската кабина и рекордерот на податоци за летот од патничкиот авион Bombardier CRJ700, соопшти Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB). Во рок од 30 дена се очекува прелиминарен извештај за инцидентот.
Претходно беа објавени и снимки од различни агли, се со цел да се одговори на прашањето – како дошло до несреќата? Засега никој нема одговор на тоа.
Контролна камера на автомобил кој се приближувал до аеродромот во Вашингтон го снимила моментот на судирот на патничкиот авион на Американ ерлајнс и хеликоптерот Блек Хок кој во тој момент бил на тренинг лет.
На видеото кое беше споделено и на социјалните мрежи, во горниот лев агол се гледа дека во еден момент има голема експлозија, по што леталото паѓа кон Земјата.
Претходно објавена застрашувачка снимка од надзорна камера го покажува моментот кога патничкиот авион и хеликоптерот се судрија над Вашингтон, пред да избие огнена топка на небото. Се чини дека снимката од камерата на Кенеди Центарот покажува како авионот паѓа во реката Потомак.
‼️ Another video has emerged showing the collision between a passenger plane and a military helicopter near Reagan Airport in Washington.
As a result of the crash, all passengers and crew aboard both aircraft were killed—a total of 67 people. pic.twitter.com/RPkgrUNjRF
— NEXTA (@nexta_tv) January 31, 2025