Се поизвесно е дека од 3 Јануари на Балканот доаѓа нов многу ладен и влажен бран од север. Овој ладен бран ќе добие на интензитет околу, и по 5 Јануари, како и за Божиќните празници, кога освен обилни снежни врнежи во вид на ново снежно невреме, ќе имаме и екстремно ниски температури на воздухот.
Со овој екстремно ладен бран кој е се поизвесен, ќе се формира секундарен циклонски систем некаде над Италија и над Јадранот, односно западно и северозападно од нас, и токму ова ќе го создаде новото снежно невреме.
Состојбата околу ова се следи, па така во следните мои метео објави следуваат најнови информации токму околу ова.