Наплатата на побарувањата на секундарниот финансиски пазар расте, само минатата година наплата на ризични побарувања во портфолиото на ЕОС Матрикс се зголеми за околу 18% во однос на 2023 година.

Покрај растот на наплатата на побарувањата на секундарниот финансиски пазар, расте и обемот на нови побарувања преземени во 2024 година во споредба со претходната година, и тоа за 19%. Нивната номинална вредност е зголемена за околу 42%.

– Експертизата, иновативниот пристап и континуираната едукација во насока на развој на нови модели за успешна наплата на побарувањето и нивна трансформација во средства кои ќе бидат ставени во функција на развојот, даваат резултати. Ние континуирано вложуваме и во нови технологии и алатки базирани на вештачка интелигенција кои ги прошируваат можностите и ни нудат нови решенија со кои можеме да креираме модели во интерес на сите инволвирани страни. Веруваме дека секундарниот финансиски пазар има дополнителен потенцијал и ние ќе работиме на негово искористување во функција на развој – изјави д-р Катерина Бошевска, извршен директор на ЕОС Матрикс за Македонија и Косово.

Позитивните финансиски резултати значително придонесуваат за подобрување на финансиската солвентност на македонските граѓани и компании, ја зголемуваат конкурентноста на македонските компании на домашниот и странските пазари и позитивно влијаат на развојот на националната економија.

ЕОС Матрикс минатата година успешно затвори 3.000 случаи на побарувања на граѓани и компании. Вкупниот број на затворени случаи од почетокот на работењето на компанијата надмина 30.000 со што компанијата ја потврдува значајната улога на пазарот. Во насока на дополнително зголемување на ефикасноста на наплатата на побарувањето, компанијата ја лансираше и апликацијата „Мy ЕОS“.

Апликацијата е развиена на корисниците да им обезбеди брз пристап до нивните финансиски податоци, како што се проверка на износот на задолжувањата, статусот на документите, следење на плаќањата и реализација на нови трансакции. ЕОС Матрикс веќе ја има и алатката “ogGPT” за генеративна вештачка интелигенција, која исто така дава придонес за развојот на пазарот.

ЕОС Матрикс Македонија е единствена компанија во финансискиот сектор која го имплементираше меѓународниот стандард ИСО 27701:2019 и работи согласно со високите принципи на заштита што ги гарантира овој стандард, а кој исто така овозможува и проценка на ризиците и поголема контрола.

– Покажавме дека одредени побарувања можат да се стават во функција преку паметни финансиски модели и во таа насока ќе продолжиме. Остануваме фокусирани на вложување во одржливи решенија и натамошен развој на пазарот -додава д-р Бошевска.

Компанијата останува фокусирана на натамошна имплементација и на ЕСГ стандардите во насока на одржлив развој. Највисока цел на ЕСГ концептот е преку системски промени да иницира иновации и развој на начин кој е праведен и кој е насочен кон просперитет.

ЕОС Матрикс Македонија е дел од Групацијата ЕОС која е присутна на повеќе од 20 пазари и управува со портфолио инвестиции од околу 510 милиони евра. Големото искуство и експертиза што го поседува оваа групацијата го применува и ЕОС Матрикс Македонија, благодарение на што компанијата во континуитет помага во развојот на секундарниот финансиски пазар во земјава.

ИЗДВОЕНИ