Се подготвува голема одлука за Украина: Зеленски се огласи по самитот во Лондон, откри што е следно

3448
Foto EPA-EFE/JAVAD PARSA NORWAY OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го изјави ова по самитот одржан во Лондон, кој беше посветен на Украина и иднината на европската безбедност.

Тој нагласи дека Украина чувствува силна поддршка од нејзините европски сојузници, како за војниците, така и за цивилите. Според него, Европа работи на зајакнување на соработката со САД со цел да се обезбеди траен мир и загарантирана безбедност.

„Европското единство е на исклучително високо ниво, невидено долго време. Со нашите партнери разговараме за безбедносните гаранции и условите за праведен мир во Украина. Наскоро се подготвуваат серија важни состаноци и одлуки“, напиша Зеленски на „Х“.

Зеленски им се заблагодари на сите што ја поддржуваат Украина и додаде дека „заедничката сила може да ја заштити иднината“.

Денеска во Лондон се одржа лидерски самит на кој беа постигнати договори за зајакнување на безбедноста на Украина и Европа.

Британскиот премиер Кир Стармер го претстави новиот договор за помош на Украина, со кој и се овозможува да искористи 1,6 милијарди фунти (2 милијарди долари) од британскиот извоз за да купи повеќе од 5.000 напредни проектили за противвоздушна одбрана.

„Наш приоритет е да и обезбедиме на Украина најсилна можна позиција сега, за да може да преговара од позиција на сила“, рече меѓу другото Стармер на прес-конференцијата по средбата.

 

 

ИЗДВОЕНИ