Се отвори земјата во БиХ, доаѓаат последните денови или причина се земјотресите?

108

Голема дупка во земјата, полна со вода, среде плантажа со лешници се појавила буквално од никаде во Горњи Вакуф, Босна и Херцеговина.

-Ова е навистина големо чудо, никогаш не сум видел вакво нешто, вели Мирсад Зулум, сопственик на плантажата.

За медиумите тој објаснува дека дупката прв ја видел неговиот син. И тој и син му се исплашиле од тоа што го виделе. Во страв се и локалните жители од овој дел на БиХ.

-Син ми ја виде дупката и ме повика. Според моја процена, до водата е длабоко три метри, а веројатно има уште три метри подолу, тврди Мирсад, кој фрлил големи камења во дупката за приближно да знае колку е длабока.

Тој, исто така, посочува дека не знае зошто се случило тоа, но се надева дека нешто слично нема да се случи и во другите делови на плантажата, бидејќи не би се снашол добро ако тој или некој од неговото семејство се најде во таква ситуација.

-Погледнавме нешто, истото се случи и во Србија, но на некое поле, не знам, никој нема објаснување. Не знам, не знам, не врнеше за таму да се случи ова. И чудно е како наеднаш се појави дупка, да пропаѓа земјата… но ова е чудо невидено, вели Мирсад.

До дупката има и дрво со лешници, па сите се прашуваат зошто и тоа не пропаднало.

-Не знам како тоа чудо не го повлече, се гледа како малку да е наведнато, можеби некои стручњаци можат да дадат објаснување, чудо невидено, можеби доаѓаат последните денови, нешто се навестува, вели тој за каналот на Јутјуб „Средња Босна Данас“, а потоа додава:

„Кој ќе ме спаси ако паднам, кој ќе ме слушне. Кал е, не би можел да се искачам“.

Тој и неговиот пријател почнале да фрлаат огромни камења во дупката со надеж дека ќе ја наполнат што побрзо, но многумина го критикуваат и го советуваат да почека да дојде експерт и да утврди за што се работи.

Исто така, многумина во коментарите под видеото напишаа дека слични феномени се случуваат насекаде низ светот по земјотрес.

Минатата недела низ регионот се почувствуваат низа земјотреси од кои некои силни. Повеќето беа со епицентар во Црна Гора, но се тресеа и Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија. Пред три дена рано наутро силен земјотрес е регистриран на границата меѓу Босна и Херцеговина и Црна Горе.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар епицентарот на земјотресот со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала бил 76 километри источно-југоисточно од Мостар и 22 километри североисточно од Билеќа во Босна и Херцеговина.

Експертите сè уште не се огласиле во врска со дупката што се појавила во Горњи Вакуф и не се знае дали причина  е тоа што речиси цела недела почвата во тој дел од регионот беше немирна.