Се отвори „Пандорината кутија“ – проклетите пари станаа најважни – Српскиот рокер Ѓорѓе Давид од жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ сосема искрено за трагедијата во Кочани

491

Вашата државата Македонија не се занимавала доволно со тоа. Мислам дека секој што има лиценци кои не се валидни, а им намигнале со едното око, ќе треба да одговорат и да објаснат пред сите, зошто имаат такви квази-документи? Инаку, сè нека се затвори!

 Рок-пејачот Ѓорѓе Давид, кој мошне добро ни е познат од жирито во балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“, е во депресија откако се случи трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 луѓе. Тој во текот на својата кариера имал можност да ги запознае членовите на дуото ДНК.

-Имав можност да запознам едно момче од дуото, бидејќи често настапувам во Македонија и знам дека овие момчиња се многу популарни. Ова не е трагедија само за Македонија или за Балканот, ова е трагедија од светски размери. Јас не се сеќавам досега да се случило вакво нешто. Тоа се огромен број млади луѓе кои требаше да бидат идни татковци и мајки. Имам многу измешани чувства. Се имам слушнато со стотина луѓе во Македонија што ги познавам и тагата кај нив е огромна. Како сè да умрело во таа за мене сакана земја. Деновиве ќе одам во Македонија. Имам потреба затоа што ја сметам за мој втор дом. Сакам да се сретнам со моите пријатели кои се таму и кои ги познавам, вели мошне потресено, Давид.

Тој е бесен поради, воопшто лошата ситуација на теренот за голем број ноќни клубови, дискотеки, барови, биртии…

-Ужасно е колку таквите клубови се „само грозно направени“ и како такви добиле работни дозволи, иако не ги исполнуваат деведесет проценти од условите и стандардите. Затоа има толку многу жртви. На луѓето во Македонија им кажав дека треба да се занимаваат со тоа. Доаѓа лето, тоа се мора да се направи да личи на пристојни места за работа на нас музичарите и сигурни места за нашите фанови. Инаку, сè нека се затвори!

Парите се сосема небитни ако има жртви. Вашата државата Македонија не се занимавала доволно со тоа. Мислам дека секој што има лиценци кои не се валидни, а им намигнале со едното око, ќе треба да одговорат и да објаснат пред сите, зошто имаат такви квази-документи?

Сега се отвора вратата од Пандорината кутија и се поставуваат илјада прашања. Но никој не може да ги врати тие животи и нема помош за родителите. Не ми се верува дека проклетите пари станаа толку најважни што луѓето не размислуваат за луѓето,  дека луѓето ги третираат како добиток. Ако парите се толку најважни што клубот не ги исполнил стандардите, тогаш сè што му искршиле на тој газдата, целата куќа, автомобил и локал, тоа е сосема нормална реакција на бесен народ, вели разочараниот Ѓорѓе.

 

ИЗДВОЕНИ