Се отвори 21. издание на „Танц Фест“ – Рисима Рисимкин одбележува 45 години творештво

32
Foto: P.Stojanovski

Вечерва во Македонскиот народен театар (МНТ), на Меѓународниот ден на танцот – 29 април, се отвори 21-то издание на Танц Фест Скопје 2025, кој годинава ќе се одржува до 13 мај. Фестивалот се отвори со читање на домашната порака по повод Меѓународниот ден на танцот од Адријана Данчевска Ровчанин, која беше избрана за овогодишна авторка на пораката од Танцовиот одбор на ИТИ Македонија.

 

На свеченото отворање традиционално се доделува наградата „Менада“ на Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера. Отворањето e збогатено и со краток перформанс на UCSB Танцова Компанија, од Калифорнија, Санта Барбара, кој е вовед во целосната изведба нивната продукција „Рефракции – гласови на светлината и темнината” која ќе ја видиме на 30 април во МКЦ.

Кулминација на вечерта ќе биде светската премиера на „Идентитети – будење“, третото и последно дело од трилогијата „Идентитети“, со што ќе се одбележи 45-годишниот јубилеј на уметничката кариера и творештво на Рисима Рисимкин.

Во февруари 2025 година, Рисимкин беше одликувана со престижното француско признание Витез од Редот на уметностите и книжевноста на Франција за нејзиниот значаен придонес во развојот на современиот танц и културата.

ИЗДВОЕНИ