На 1 јануари, на првиот ден од новата година во срцето на Кожув планина, да бидете дел од официјалното отворање на Скијачки Центар „Михајлово“ и првата скијачка патека која ќе го носи името Македонија, покани Митко Јанчев градоначалникот на Кавадарци.
Снежната покривка е совршена, а планината подготвена да ги пречека сите посетители и љубители на снегот и авантурите што ги нуди ова годишно време, потенцира тој.
Од Владата информираа дека денеска во 12 часот претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новиот скијачки центар „Михајлово“.