Службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ отстрани нелегално поставени блокатори на паркинг- места и на хаварисани возила.
– Периодов се утврдуваат и други нелегално поставени блокатори, во соработка со Инспекторатот на Општина Центар. Акцијата ќе продолжи со цел да се овозможи еднаков пристап и користење на паркинг – просторите за сите граѓани – соопштија од ЈП ПОЦ.