Хаос пред Олимписките игри во тимот на Велика Британија. Шарлот Дужарден (39) требаше да го носи знамето на свеченото отворање на Сена, сè одеше кон тоа да ги добие тие чест и привилегија, но потоа, неколку дена пред почетокот на натпреварувањето, донесе одлука да се повлече. Причина за таквата одлука е компромитирачко видео.

Таа се занимава со коњички спортови и е една од најодликуваните во тој спорт. Меѓутоа, на социјалните мрежи почна да кружи снимка на која се гледа како 24 пати го удира коњот. Многумина го осудија таквиот потег. Настана вистински хаос, доби разни коментари и сето тоа доведе до нејзино повлекување. Таа не сакаше дополнително да се влоши ситуацијата по објавеното видео.

  • Она што се случи е целосно надвор од контекст и не го одразува начинот на кој ги тренирам моите коњи, како работам со моите ученици, и нема оправдување. Се срамам и треба да дадам подобар пример за сите. Навистина ми е жал за моите постапки. Чувствувам дека ги изневерив сите, особено сите во британскиот тим и навивачите. Нема да давам дополнителни изјави за ова додека трае истрагата – изјави Шарлот.

Коњичката федерација (ФЕИ) ги осуди нејзините постапки откако се појави видеото, објави дека е суспендирана на шест месеци и дека истрагата ќе ги утврди сите детали. Шарлот почна да се занимава со овој спорт во 2011 година и оттогаш доминира. Таа освои два златни медала на Олимписките игри во Лондон, притоа дојде до златото и среброто во Рио де Жанеиро, во 2016 година, а има и две бронзи од Токио.