Откако се пласираше фудбалскиот клуб Вардар во полуфиналето на Купот на Македонија, победувајќи го Силекс со 1:0, по мечот, кратовци излегоа со обвинувања за бројни грешки направени од судиите на овој натпревар.

Поради сето ова, се огласија и од ФК Вардар, а соопштението ви го пренесуваме во целост:

Вардар не сака и нема да навлегува во расправии со примитивни и провинциски структури на фудбалското подземје и обложувачката мафија во Македонија собрана во кратовскиот прволигаш.

Злоупотребата на истоимената телевизија од истоимениот клуб на феудалната фамилија е работа на немоќ и безидејност и се коси со кои било новинарски стандарди, норми и морал.

За жал, по Силекс, дојдено е времето на „новото нормално“ на кое ќе треба да се привикнат, односно време кога нема нарачки на подобни судии, кои треба да го обезбедат резултатот што спортски не можат и не заслужуваат да го постигнат.

Како што беше случај есеноска, кога ни дадоа гол на арената, од офсајд во 95. Минута, кој беше поништен, а потоа, по долги „консултации“, беше признат. Вардар тогаш не плачеше, се сврте кон себе и кон решавање на своите проблеми. Плачењето им го остави на размрсулавените плачковци.

Фактите кажуваат дека ФК Вардар вчера имаше посед на топката од 75 %, 15 шута, од кои 8 во рамките на голот и 6 стопроцентни шанси. Нашиот противник, Силекс од Кратово, предводен од луѓе кои го финансираат клубот од фиксирање натпревари и кои своевремено го исфрлија Пелистер од Првата лига, немаа ниту еден удар во рамките на нашиот гол.

Единствената грешка што ја направи нашата екипа вчера е што не му даде три-четири гола на Мали Ѕинго. Затоа со душа ја чекаме средбата што ќе се одигра меѓу нас и нив во третиот круг од прволигашкото натпреварување, кога на терен ќе се покаже кој е кој – се вели во соопштението на Вардар.

ИЗДВОЕНИ