Се огласија градските власти во Венеција за венчавката на Безос и Санчез

1240

Градскиот совет на Венеција ги осуди лажните медиумски извештаи за претстојната венчавка на американскиот милијардер Џеф Безос во италијанскиот град.

Тие најавија дека прославата ќе биде во скромни размери и дека ќе присуствуваат само 200 гости.

Основачот на Амазон и неговата свршеница, новинарката Лорен Санчез, треба да се венчаат во Венеција на крајот на јуни.

Но, градскиот совет на Венеција во саботата издаде соопштение во кое ги осуди „лажните вести“ и ги негираше информациите дека Безос планира да приватизира цели делови од градот.

„Бројните шпекулации и лажни вести кои во последно време кружат за свадбата на Џеф Безос се целосно неосновани“, уверуваат од општината.

„Поканети се само 200 гости. Затоа, на Венеција ќе и биде лесно да биде домаќин на ваков настан без тоа да биде непријатност за градот, неговите жители и другите посетители“.

Од Општината посочија дека во Венеција редовно се одржуваат многу позначајни меѓународни настани од оваа, од политички самити до познатата Мостра.

Градоначалникот Луиџи Бруњаро ја поздрави одлуката на парот да се венчаат во нивниот град, велејќи за венециското издание на италијанскиот весник „Кориере дела сера“ дека економските придобивки од венчавката може да се избројат во милиони долари.

ИЗДВОЕНИ