Кремљ денеска соопшти дека Украина има суверено право да одлучи дали сака да се приклучи на Европската унија и дека Москва нема намера да му диктира на Киев како да се однесува во таа ситуација.
На прашањето дали Украина може еден ден да се приклучи на ЕУ, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одговори: „Тоа е суверено право на секоја земја“.
„Зборуваме за процесот на економска интеграција. Се разбира, никој не може ништо да ѝ диктира на една земја и ние нема да го сториме тоа“, рече Песков, додавајќи дека „Русија има поинаков став за приклучувањето на Украина во воените сојузи“.
Се разбира, ставот е сосема поинаков за прашања поврзани со безбедноста и одбраната или воените сојузи, рече Песков, пренесува Ројтерс.